Родена е на 6 декември 1985 година во Куманово. Основното, средното и гимназиското образование ги завршила во истото место, по што дипломирала на Катедрата за турски јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во периодот од 2009 до 2010 година работела како секретар во МАТТО – Стопанската комора на Македонија и Турција.
Во 2011 година е вработена како секретар и преведувач во Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје.
Од 2015 година активно се занимава со настава по македонски јазик за странци, особено за лица од турската заедница – студенти, дипломати и деловни лица. Во таа улога, подготвува и реализира индивидуални и групни часови со прилагодени наставни материјали.
Активно работи и како овластен судски преведувач за турски и македонски јазик.
Марија Лоловска е член на Граѓанското здружение „Меѓународни Дијалози“, каде што учествува во организирање на културни и уметнички настани со цел промоција на јазичната размена, културната интеграција и интеркултурен дијалог.
Последниве 15 години работи како активен преведувач во Турскиот културен центар, а ги има преведено и книгите: „Моето другарче“ (Батапрес, 2025), „Новото училиште на Куки“ (Бата прес, 2025); Колекција на монети ковани во Скопје и Кратово 14-17 век“ (ИБУ, 2025)