Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска книжевност, на тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“. Член е на ДПМ од февруари 2018 година. Својата проза ја има претставувано на значајни книжевни настани во земјава и во странство. Неколку години е главен уредник на сајтот за македонска современа проза: лектира.мк. Има водено повеќе книжевни работилници и курсеви по креативно пишување за деца и возрасни.
Пармаковска ги има објавено романите: „Кривата Дијана“, „Сè уште можам нешто да сторам“, „На враќање“, „Одбројување“, „Вишнова хроника“ и „Пишувајќи ги изгубените топки“. Покрај романите, авотор е на книгите за деца: „Екологија“ и „Додо, вонземјанинот и мачорот“, како и на научната студија „Варијации на магичниот реализам“.
Добитник е на следните книжевни награди:
– Роман на годината за романот „Одбројување“ (2018)
– Најуспешен автор меѓу два Саема за книга, доделена од МАИ (2018)
– „Рациново признание“ за романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ (2024)
– „Пегаз“ за романот „Кривата Дијана“, доделена од Арс Ламина (2025)